Хроника во Битола

Дрска измама: Платиле 7000 евра за лажен доктор да ја спаси нивната внука, таа воопшто не била повредена

Пријавителката заедно со сопругот однеле 7000 евра и ги дале на едно лице кое, според договорот,  ги чекало кај саатот во Битола.

Дрска измама: Платиле 7000 евра за лажен доктор да ја спаси нивната внука, таа воопшто не била повредена

На 06.02.2026  во 11:25 часот во СВР Битола, 76-годишна жена од  Битола пријави дека била измамена од страна на непознато машко лице, кое и се јавило на телефон и се претставило како лекар, по што и кажало дека нејзината внука е тешко повредена во сообраќајна несреќа и треба да даде пари за да и го спаси животот.

Пријавителката заедно со сопругот однеле 7000 евра и ги дале на едно лице кое, според договорот,  ги чекало кај саатот во Битола.

Подоцна, пријавителката сфатила дека била измамена односно дека нејзината внука не учествувала во сообраќајна несреќа.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

To top