Хроника Полициски билтен

Несреќа во Кочани: Тешко повреден малолетник

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

Несреќа во Кочани: Тешко повреден малолетник

На 06.02.2026 во 11:53 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на крстосница од ул. „Кеј на револуцијата“, ул.„Браќа Ставреви“ и „Нов мост“ во Кочани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Д.Ф.(37) и мопед со кочански регистарски ознаки, управуван од 17-годишник, двајцата од Кочани.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

To top