Свет Унгарија

Орбан: Одбиваме да испратиме војници и пари во Украина

„Денес станува збор за испраќање унгарски пари во Украина, а утре би можеле да бидат млади Унгарци испратени да се борат“, рече Орбан на „Х“.

Орбан: Одбиваме да испратиме војници и пари во Украина

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека се спротивставува на испраќањето финансиска и воена поддршка на Украина, предупредувајќи дека ваквите потези би можеле да доведат до директен конфликт со Русија.

„Денес станува збор за испраќање унгарски пари во Украина, а утре би можеле да бидат млади Унгарци испратени да се борат“, рече Орбан на „Х“.

Тој нагласи дека Унгарија „вели не“ и одбива да учествува во тоа. (МИА)

To top