Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ, предвреме го заврши натпревароѕ помеѓу Лос Анџелес Лејкерс и Филаделфија.
Словенечкиот кошаркар се упати кон соблекувалната во текот на втората четвртина, а медицинскиот тим подоцна потврди дека тој нема да се враќа на теренот
Повредата доаѓа во моментот кога Дончиќ доминира во лигата, со просек од 33.4 поени по натпревар.
Словенецот неодамна беше прогласен за играч на месецот на Западот, а веќе следната недела требаше да се појави како стартер на својот шести Ол-стар натпревар во Инглвуд.
Сега, неговото учество на овој настан, но и клучните мечеви за Лејкерс во борбата за плеј-оф, се под знак прашалник.