Македонија од понеделник

Доаѓа период на променливо време: Носете чадор, УХМР со нови најави за снег

Доаѓа период на променливо време: Носете чадор, УХМР со нови најави за снег

Следува период на променливо време. Во недела претпладне ќе има локални врнежи од дожд, а на планините во северозападните делови од снег.

Врнежи од дожд ќе има и во понеделник кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови, а на планините ќе бидат од снег.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат и дека поради продор на постуден воздух врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места.

Потоа во следните два дена ќе се задржи претежно стабилно време, а нови врнежи повторно се очекуваат од четврток.

To top