Свет

Земјотрес од 4,9 степени според Рихтер во североисточна Турција

Земјотрес со интензитет од 4,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 14:16 часот по локално време во регионот на градот Кемах, округ Ерзинџан во североисточна Турција, јавија турските медиуми, повикувајќи се на информација од Турската дирекција за управување со катастрофи и вонредни состојби (AФАД).

Земјотресот е регистриран на длабочина од 4,52 километри.

Во моментов нема извештаи за настрадани или за причинета материјална штета во земјотресот.

To top