Свет

Американската делегација наводно ги прекинала преговорите

Дел од западните медиуми објавија дека американската делагација во Оман ги напушти преговорите за иранската нуклеарна програма

Американската делегација наводно ги прекинала преговорите

Дел од западните медиуми објавија дека американската делагација во Оман ги напушти преговорите за иранската нуклеарна програма.

Според нив, конвојот, што ги превезува американските претставници, го напуштил местото каде се одржуваат преговорите.

Во главниот град на Оман, Мускат денеска почнаа разговорите помеѓу шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи и американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер. Тоа се први директни разговори по минатогодишната 12-дневна војна.

To top