Македонија Собрание на РМ

Димовска – Мражикова: Соработката со Европскиот парламент има јасна цел и опипливи резултати

Генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска оствари средба со раководителката на Канцеларијата на Европскиот парламент за Западен Балкан, Татиана Мражикова.

Димовска – Мражикова: Соработката со Европскиот парламент има јасна цел и опипливи резултати

Генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска оствари средба со раководителката на Канцеларијата на Европскиот парламент за Западен Балкан, Татиана Мражикова.

На средбата, Димовска се заблагодари за постојаната и силна поддршка на Европскиот парламент за нашиот евроинтегративен пат, која се рефлектира и преку отворањето на Канцеларија на Европскиот парламент за Западен Балкан минатата година.

Димовска ги престави тековните процеси кои ги спроведува Собраниската служба, вклучително и Стратегијата за дигитализација на Собранието 2026 – 2028; Акцискиот план за унапредување на рамноправноста меѓу жените и мажите 2025-2027, измените и Организацијата на работни места, со акцент на новоформираното Одделение за проценка на влијанието на регулативата. Таа нагласи дека Собраниската служба цели кон интензивирање соработка со парламентите на земјите – членки на Унијата и од Регионот, подвлекувајќи го институционализирањето на таквата соработка.

Мражикова ја поздрави високата поддршка на граѓаните за членство на државата во Европската Унија и се осврна на значајната улога на известителот во Европскиот парламент, Томас Вајц, кој деновиве е во посета на Република Македонија. Нагласи дека Европскиот парламент преку канцеларијата за Западен Балкан непосредно ги адресира процесите кои ги приближуваат земјите аспиранти до Европската Унија. Подвлече и дека Европскиот парламент со гордост беше партнер на Собранието во Жан Моне дијалогот, кој донесе опипливи резултати и овозможи активна вклученост и поддршка од сите политички партии при усвојувањето на новиот Деловник на Собранието.

Соговорничките се согласија дека соработката на ниво на службеници ќе се интензивира во периодот кој следи преку соработка на различни форуми во сите сфери од интерес.

Најнови вести од Македонија

Теми на денот

To top