Наум Поцев од Крива Паланка, кој го извади светиот крст од Крива река на Водици, денеска на семејството Младеновски од градот, им го донираше телевизорот што го доби како награда од општината на верскиот празник Водици.
Заедно со градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашо Митовски, го посетија семејството Младеновски, Игор, лице со даунов синдром и неговата самохрана мајка, Рушка.
-Посакувам здравје и радост за сите, а најголема радост ми претставува тоа што можам да израдувам некој друг, во случајов, Игор и навистина од срце го донирав телевизорот, рече Поцев.
И градоначалникот на Крива Паланка, Митовски рече дека хуманоста е тоа што нè одликува како луѓе.
-Секогаш треба да владеат грижата за заедницата и да се реализираат хумани дела, порача Митовски.