Според информациите од Англија, египетската ѕвезда на лето ќе го напушти „Енфилд“, иако и натаму е еден од најдобрите играчи на тимот.
Салах пристигна во Ливерпул во 2017 година од Рома и освои сè што можеше со клубот, но односите со новиот тренер Арне Слот и случувањата во изминатиот период ја забрзале одлуката за разделба.
Неговиот договор влегува во последната година, а продолжување не е во план.
Како најреална дестинација се споменува Саудиска Арабија, каде Ал-Итихад подготвува подобрена понуда. Ливерпул од трансферот би можел да заработи над 30 милиони евра.