Македонија историската папочна врски на ссм и сдсм

Да не заборавиме: ССМ даде јавна поддршка за СДСМ пред изборите 2002-та

Направија историски преседан и дадоа јавна поддршка пред избори за СДСМ во 2002-та, врските со СДС и БЦ се причините за барање за деполитизација на ССМ и создавањето на КСС и оостанатите синдикати, потоа во 2018-та дадоа бизарна поддршка за Референдумот за смена на името, се бунтуваа кога власта беше предводена од ВМРО-ДПМНЕ во периодот 2006-2017-та, молчеа како попчиња кога владееше кијаметот на СДС/ДУИ од 2017-та до 2024-та, сега пак протестираат и ги оштетуваат работниците на сметка на СДС… Што повеќе треба да се каже за историската папочна врска меѓу ССМ и СДСМ? Не треба да сте Ајнштајн, за да сфатите дека нема ниту една буква разлика…

Да не заборавиме: ССМ даде јавна поддршка за СДСМ пред изборите 2002-та

ССМ кои имаат една буква разлика со СДСМ, очебијно и натаму играат на картата дека македонските граѓани имаат меморија на златна рипка. За нивна жал, немаат. Сите многу добро се сеќаваат дека пред изборите во 2002-та година ССМ и нивниот тогашен претседател Ванчо Муратовски дадоа јавна поддршка за СДСМ на парламентарните избори по кобната 2001-ва година. Членството го осуди овој чин, но врхушката си тераше про СДС, исто како и денеска.

И години потоа, кога сите увидоа дека граѓаните направија силна грешка со поддршката на ненародната СДСМ, која насила и прекутрупа ја донесе Територијалната поделба на државата во 2004-та и во чиј мандат се случија редица афери, како и ултра-сомнителната авионска несреќа на претседателот Борис Трајковски во кој загинаа и неговиот кабинет и екипажот, Муратовски во интервју за РСЕ не сметаше дека е некаква грешка што лично кумуваше на овој историски преседан – синдикат да поддржи политичка партија.

„-Дали сметате дека тогаш направивте грешка, кога ја поддржавте програмата на коалицијата на СДСМ?

Не сметам, народот не треба да биде со кусо паметење и да не заборави дека Македонија тогаш одеше во пропаст со војната што се случи и со се што се случи како огромни кражби на народниот имот и тогаш требаше да се направи тоа“, изјави самобендисаниот лидер со тапирана фризура, кој по СДС рецепт на нивните функционери беше фатен со рацете во медот и сменет поради истите малверзации.

Позната шема на претставниците на Бихаќка, кои до ден-денеска се препознатливи по арамилакот и празнењето на државната каса.

Во 2010-та, поради откриени финансиски неправилности Претседателството на ССМ одлучи да поднесе две кривични пријави против поранешниот претседател Ванчо Муратовски.

Вчера потсетивме и дека СДСМ и синдикатот кој има само една буква разлика, а можеби, честопати и нема, имаат лоша навика да мислат дека луѓето ги забораваат злодејанијата кон Македонија…

Имено, раководството на ССМ, предводено од тогашниот претседател Дарко Димовски (почина во 2023-та, RIP) во 2018-та точката Референдум ја ставаше нa седница на ССМ, за да дадат поддршка на истиот, а тоа јавно го правеа и гранковите синдикати како Синдикатот на одбрана предводен од Ајтов и редица други привезоци на Заев и Шеќеринска кои повикуваа на масовна излезност во време кога Македонија БОЈКОТИРАШЕ.

Следуваа остри реакции на членството, кое во ооснова не се согласуваше со ваквата класична политизација на синдикалното движење. „Претседателот на ССМ, Дарко Димовски пред два дена закажал седница за денес, на која како точка на дневен ред го става референдумот. Членовите на ССМ реагираат велејќи дека ваквата одлука е спротивна на Статутот на Сојузот на Синдикати на Македонија и обид да ги втурне работниците во партиско-референдумски води“, известуваа медумите во тегобната, црна 2018-та година.

Државно именуваниот и партиски поставениот “претседател“ на СДСМ-ССМ, Дарко Димовски без никаков срам и спротивно на сите начела и структури на дејствување на синдикатите низ светот, и спротивно на статутот на ССМ, прави скандалозен обид да ги втурне работниците во партиско-референдумски води. Постапувајќи по партиска директива, очигледно враќајќи долгови за извршената услуга кон СДСМ, референдумското прашање го поставува на седница на претседателството на СДСМ. Ова е уште еден скандал, покрај партиското делење на простории на ССМ на функционери на СДСМ, познат како случај “Рагуза“, за кој неодамна се пишуваше во медиумите во Македонија“ реагираа членови на ССМ во тегобната 2018-та, кога цела армија пропагандисти беше вкучена во убедувањето ан народот да гласа и да излезе на антимакедонскиот Референдум.

Освен  ССМ, во 2018-та во армијата бедни пропагандисти можевте да видите и редица други „убедувачи“ и демагози како Милчо Манчевски, Дарко Панчев, Дарио, Цацко, Пимен, Виолета Томовска, Мирко Попов, Тамара, Шенка Колозова, Тијана,  Владо Јаневски, Андов, Ѓулистана, Тито и редица други „северни“ хохштаплери кои сега изигруваат патриоти и „горди“ Македонци. Од нив, само Пимен се извини и побара прошка, не дека тоа го „пере“ за гревот. Другите, тоа никогаш не го сторија и не му се извинија на македонскиот народ за перверзниот, предавнички чин поведен од лукративност или поедноставно кажано хонорарчиња и пари.

Уште еден доказ за традиционалната „блискост“ на СДСМ и ССМ, дури и за вакви идентитетски прашања, политикантско и антинационално вмешателство кое вистинските Македонци никогаш и никому нема да му го простат.

Истото се случува и денес, кога истиот тој ССМ, само со друг „лидер“, Трендафилов кој орно и со многу елан игра во новокомпонираното оро по нотите на Бихаќка, рамо до рамо со Филипче, Јон, Фани, Жерновски и компанија…

 

Најнови вести од Македонија

To top