Градоначалниците на Општина Чучер Сандево и Бутел, Зоран Бајовски и Дарко Костовски денеска формираа оперативната работна група за решавање на заедничките проблеми на жителите од Чучер Сандево и Бутел.
Опфатени, со проектот, ќе бидат местата Кучевишка Бара и Бел Камен.
-Главна задача на групата е финализирање и доработка на основниот проект за фекална канализација, со цел проектот да ги опфати сите улици кои досега беа изоставени. Со зголемување на опфатот ќе бидат вклучени и улиците како Бутелска 27, 29, 31, 33 и 35, како и други критични точки кои бараат итна интервенција. Ова е првпат двете општини да пристапат заеднички и координирано кон решавање на овој долгорочен проблем, со јасни рокови и распределба на обврски, вели Бајовски.

Работната група ќе ги вклучи експертите, техничките служби и претставници на граѓаните за да се обезбеди транспарентен процес и квалитетна техничка документација.
Нашата цел е да обезбедиме трајно и одржливо решение за управување со отпадните води, што ќе го подобри здравјето и квалитетот на живот во двете општини, истакнува Бајовски.