Хроника Контрола во патниот сообраќај

Охриѓанец возел иако имал забрана за управување со возило, полиција му застана на патот

По добиени насоки од јавен обвинител, полициските службеници го одзедоа возилото и возачките документи, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Охриѓанец возел иако имал забрана за управување со возило, полиција му застана на патот

На 02.02.2026 во 21:25 часот, при контрола во патниот сообраќај на улица „Стив Наумов“ во Охрид, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген“ со охридски регистарски ознаки, управувано од П.С.(32) од Охрид.

Притоа, било констатирано дека П.С. го управувал возилото иако имал изречена заштитна мерка- забрана за управување со моторното возило од Б категорија во траење од три месеци.

По добиени насоки од јавен обвинител, полициските службеници го одзедоа возилото и возачките документи, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

To top