Македонија блискоста со сдсм е историјат на ссм

Ако сте заборавиле: Раководството на ССМ и гранковите синдикати дадоа поддршка за смена на уставното име пред РЕФЕРЕНДУМОТ

Освен  ССМ, во 2018-та во армијата бедни пропагандисти можевте да видите и редица други „убедувачи“ и демагози како Милчо Манчевски, Дарко Панчев, Дарио, Цацко, Пимен, Виолета Томовска, Мирко Попов, Тамара, Шенка Колозова,  Тијана,  Владо Јаневски и редица други „северни“ хохштаплери кои сега изигруваат патриоти и „горди“ Македонци.

Уште еден доказ за традиционалната „блискост“ на СДСМ и ССМ, дури и за вакви идентитетски прашања, политикантско и антинационално вмешателство кое вистинските Македонци никогаш и никому нема да му го простат. 

Ако сте заборавиле: Раководството на ССМ и гранковите синдикати дадоа поддршка за смена на уставното име пред РЕФЕРЕНДУМОТ

Дали Македонците имаат меморија на златна рипка? Не, но на оваа карта честопати играат политичарите од СДСМ и синдикатот кој има само една буква разлика, а можеби, честопати и нема…

Кон ова наведува фактот што пред Референдумот за смена на уставното, исконско име на државата, се случи преседан кој многумина, сепак и можеби го заборавија.

Имено, раководството на ССМ, предводено од тогашниот претседател Дарко Димовски (почина во 2023-та, RIP) во 2018-та точката референдум ја ставаше нa седница на ССМ, за да дадат поддршка на истиот, а тоа јавно го правеа и гранковите синдикати како Синдикатот на одбрана предводен од Ајтов и редица други привезоци на Заев и Шеќеринска кои повикуваа на масовна излезност во време кога Македонија БОЈКОТИРАШЕ.

Следуваа остри реакции на членството, кое во ооснова не се согласуваше со ваквата класична политизација на синдикалното движење. „Претседателот на ССМ, Дарко Димовски пред два дена закажал седница за денес, на која како точка на дневен ред го става референдумот. Членовите на ССМ реагираат велејќи дека ваквата одлука е спротивна на Статутот на Сојузот на Синдикати на Македонија и обид да ги втурне работниците во партиско-референдумски води“, известуваа медумите во тегобната, црна 2018-та година.

Државно именуваниот и партиски поставениот “претседател“ на СДСМ-ССМ, Дарко Димовски без никаков срам и спротивно на сите начела и структури на дејствување на синдикатите низ светот, и спротивно на статутот на ССМ, прави скандалозен обид да ги втурне работниците во партиско-референдумски води. Постапувајќи по партиска директива, очигледно враќајќи долгови за извршената услуга кон СДСМ, референдумското прашање го поставува на седница на претседателството на СДСМ. Ова е уште еден скандал, покрај партиското делење на простории на ССМ на функционери на СДСМ, познат како случај “Рагуза“, за кој неодамна се пишуваше во медиумите во Македонија“ реагираа членови на ССМ во тегобната 2018-та, кога цела армија пропагандисти беше вкучена во убедувањето ан народот да гласа и да излезе на антимакедонскиот Референдум.

Освен  ССМ, во 2018-та во армијата бедни пропагандисти можевте да видите и редица други „убедувачи“ и демагози како Милчо Манчевски, Дарко Панчев, Дарио, Цацко, Пимен, Виолета Томовска, Мирко Попов, Тамара, Шенка Колозова,  Тијана,  Владо Јаневски, Андов, Ѓулистана, Тито и редица други „северни“ хохштаплери кои сега изигруваат патриоти и „горди“ Македонци. Од нив, само Пимен се извини и побара прошка, не дека тоа го „пере“ за гревот. Другите, тоа никогаш не го сторија, не му се извинија на македонскиот народ за перверзниот, предавнички чин.

Уште еден доказ за традиционалната „блискост“ на СДСМ и ССМ, дури и за вакви идентитетски прашања, политикантско и антинационално вмешателство кое вистинските Македонци никогаш и никому нема да му го простат.

 

П.С.

Деновиве ќе ве потсетиме на уште еден преседан, кога еден друг претседател на ССМ даде јавна поддршка на парламенатрни избори за СДСМ.

Да не заборавиме…

Најнови вести од Македонија

To top