Хајди Клум пристигна на доделувањето на Греми наградите во необичен фустан и предизвика голем број реакции со својот избор.
За оваа пригода, Клум избра латекс фустан со истакнати брадавици, а овој фустан изгледаше и како дополнителен слој кожа.
Поради видот на материјалот, фустанот ѝ го отежнуваше движењето, но таа сепак позираше расположена.
View this post on Instagram
Комбинацијата ја надополни со прстени и обетки во боја на кожа. Косата пуштена со лежерни локни, а изгледот го надополни со неутрална шминка.
Нејзиното појавување во фустан кој го ограничува движењето предизвика бројни реакции, а само некои од коментарите беа: „Се чини дека им снемало сите модни идеи“, „Ова е речиси вознемирувачко“, „Што е ова“, „Премногу си убава за ова“, „Не можеш да седиш, не можеш да одиш, нека ми го објасни ова некој“.
View this post on Instagram
Фустанот е креација на германска модна креаторка која на социјалните мрежи го објави процесот на изработка на овој чуден фустан.
View this post on Instagram