Македонија

Петрова: Нема ретроактивно оданочување, ќе им се излезе во пресрет на граѓаните од странство

Од околу 1.100 граѓани кои работеле во Авганистан и Ирак, околу 200 веќе доставиле документи. За останатите, УЈП побарала листи и податоци за компаниите за да може службено да ги провери.

Петрова: Нема ретроактивно оданочување, ќе им се излезе во пресрет на граѓаните од странство

Оданочувањето на доходите на граѓаните кои работеле во странство е законска обврска пропишана во Законот за данок на личен доход и не се работи за ретроактивно оданочување, истакна директорката на УЈП, Елена Петрова, по денешната средба во Сојузот на стопански комори на Македонија.

Таа појасни дека обврската важела уште во 2020 година, но многумина денес се соочуваат со проблеми при обезбедување на докази за платен данок во странство. Затоа УЈП презема мерки, како што рече, да им излезе во пресрет, вклучувајќи прием на сите видови докази и покренување административна соработка со странски даночни администрации.

Од околу 1.100 граѓани кои работеле во Авганистан и Ирак, околу 200 веќе доставиле документи. За останатите, УЈП побарала листи и податоци за компаниите за да може службено да ги провери.

Дополнителни проверки ќе се вршат и за граѓаните испратени во мировни мисии, за кои данокот бил платен преку Министерството за одбрана.

Петрова најави дека аконтациските решенија ќе бидат заменети со конечни решенија за 2020 година и дека процесот на корекции ќе мирува додека не се добијат сите потребни податоци.

Најнови вести од Македонија

To top