Скопје Чистење и уредување на парковите и јавните зелени површини

Генералка во Кисела Вода: Започна заедничката еко-акција со ЈП „Паркови и зеленило“

Со овие зафати директно го подобруваме изгледот и хигиената на јавниот простор. Целта ни е секое маало да биде почисто и поуредено, а ваквите активности ќе продолжат и во наредниот период. Воедно, апелирам до граѓаните да се вклучат со одговорно однесување и заедничка грижа за животната средина- изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

Генералка во Кисела Вода: Започна заедничката еко-акција со ЈП „Паркови и зеленило“

Од улица „Коперникова” во населбата Драчево започна сеопфатната теренска интервенција за чистење и уредување на јавните зелени површини, која Општина Кисела Вода од денес ја реализира во соработка со ЈП „Паркови и зеленило“ под ингеренции на Град Скопје.

На денешниот настан присуствуваа градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Муамер Сефери, кои заедно ја следеа и поддржаа теренската интервенција, соглеасно нивната неодамнешната работна средба  на која беше договорена зајакната соработка со фокус на подобрување и одржување на јавниот простор.

Преку Секторот за месна самоуправа и социјална заштита, се спроведува еднонеделна еко акција што опфаќа, собирање на лисна маса, расчистување на паднати гранки и отпадоци, кастрење на суви дрвја, како и уредување на јавните тревници и појасите со тревна вегетација низ сите урбани и месни заедници.

Активностите се одвиваат согласно претходно изработен план на општинските служби, дополнет со пријавите и барањата од жителите. На терен се ангажирани целокупната механизација и екипите на Општина Кисела Вода и ЈП „Паркови и зеленило“, а опфатени се парковите и јавните зелени површини на територија на општина Кисела Вода. Вакви теренски зафати, доколку дозволат временските услови, ќе се одвиваат во текот на целата недела.

– Оваа недела во соработка со ЈП„Паркови и зеленило“, интензивно работиме на чистење и уредување на парковите и јавните зелени површини низ Кисела Вода. Ангажирани се целокупната механизација и теренските екипи, а се врши собирање на лисната маса, расчистување на отпадоци, поткастрување и отстранување на суви дрвја, како и уредување на јавните тревници. Со овие зафати директно го подобруваме изгледот и хигиената на јавниот простор. Целта ни е секое маало да биде почисто и поуредено, а ваквите активности ќе продолжат и во наредниот период. Воедно, апелирам до граѓаните да се вклучат со одговорно однесување и заедничка грижа за животната средина- изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

Утре, акцијата продолжува на улиците „Народни херои” и „Пушкинова”.

To top