Англискиот репрезентативец Џуд Белингам ќе паузира најмалку шест седмици откако доживеа повреда на левиот бутен мускул на натпреварот против Рајо Ваљекано (2-1).
Ова се првичните прогнози од лекарскиот тим на Кралскиот клуб, иако многу појасна сликата ќе биде кога фудбалерот ќе ги мине деталните лекарски прегледи.
Џуд Белингам ќе го пропушти двомечот против Бенфика во Лигата на шампионите, како и најмалку четири натпревари во шпанската Ла Лига против Валенсија, Реал Сосиедад, Осасуна и Хетафе.