Свет напад

Најмалку 29 загинати во израелски воздушни напади врз Газа

Најмалку 29 лица загинале во израелски воздушни напади врз Појасот Газа, соопшти денеска Палестинската агенција за цивилна заштита, јави ДПА.

Најмалку 29 загинати во израелски воздушни напади врз Газа

Најмалку 29 лица загинале во израелски воздушни напади врз Појасот Газа, соопшти денеска Палестинската агенција за цивилна заштита, јави ДПА.

Четиринаесет лица загинале во напад врз полициска станица во населбата Шеик Радван, во северниот дел на градот Газа, изјави за ДПА портпаролот на агенцијата Махмуд Басал.

Според него, уште седум лица загинале во јужниот дел на Појасот Газа, откако била погоден шатор во кој биле сместени внатрешно раселени лица.

Израелската армија соопшти дека извршила напади врз команданти и инфраструктура на, како што ги нарече, терористичките организации Хамас и Исламски џихад во Газа. Меѓу целите, според војската, имало складиште за оружје, работилница за оружје и две лансирни позиции на Хамас.

Информациите не можат независно да бидат потврдени, наведува ДПА.

To top