Македонија

Тошковски на Пониква, заеднички ручек со семејствата на загинатите бранители

Тошковски на Пониква, заеднички ручек со семејствата на загинатите бранители

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска го посети зимското одморалиште на МВР на Пониква, место во кое во овој период традиционално престојуваат децата и семејствата на загинатите бранители.

-Имав чест на заеднички ручек да поминеме време заедно, во искрена и топла атмосфера, да поразговараме на повеќе теми. Жртвата што ја дале нивните најблиски е најголемата можна жртва, затоа што тие ги загубиле своите татковци, сопрузи, синови во одбрана на татковината. Таа жртва не смее и нема да биде заборавена, вели Тошковски.

Facebook / Панче Тошковски

Тој нагласува дека таа жртва претставува аманет и трајна обврска, секогаш да бидат покрај нив, да им даваат поддршка, да ги почитуваат и да одговараат на нивните потреби во рамките на надлежностите што ги имаат.

Најнови вести од Македонија

To top