Во Нион денеска беа извлечени двојките за првата нок-аут фаза од УЕФА Лига Европа. Најинтересен е дуелот меѓу Фенербахче и Нотингем Форест, додека Лудогорец ќе игра против Ференцварош, а Динамо Загреб за ривал го доби Генк. Поранешниот европски првак Црвена Звезда за ривал го има тимот на Лил.
Двојки од 1/16 финале од Лига Европа:
Лудогорец – Ференцварош
Панатинаикос – Викторија Плзен
Динамо Загреб – Генк
ПАОК – Селта
Селтик – Штутгарт
Фенербахче – Нотингем Форест
Бран – Болоња
Лил – Црвена Звезда.
Првите натпревари се играат на 19. февруари, а реванш дуелите на 26. февруари.
Директен пласман во осминафиналето изборија: Олимпик Лион, Астон Вила, Митјиланд, Бетис, Порто, Брага, Фрајбург и Рома, откако ги освоија првите осум места на табелата во групната фаза.