Македонија

Тошковски: Сè уште од МВР до Владата не е доставена нова систематизација

Одговорајќи на пратеничко прашање, Тошковски истакна дека во изминатите речиси две години безбедноста на граѓаните е многу подобена, особено ако се земат предвид бројките за вкупен криминалитет, кои, како што напомена, се најдобри во последните 20 години.

Тошковски: Сè уште од МВР до Владата не е доставена нова систематизација

Никогаш нема да дозволам да се загрози безбедноста во ниеден град во Македонија со поставување, разрешување, додавање, одземање или какво било друго реорганзирање на внатрашните структури на МВР, порача денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Одговорајќи на пратеничко прашање, Тошковски истакна дека во изминатите речиси две години безбедноста на граѓаните е многу подобена, особено ако се земат предвид бројките за вкупен криминалитет, кои, како што напомена, се најдобри во последните 20 години.

Министерот информира и дека сè уште од МВР до Владата не е доставена нова систематизација.

– Полициските станици во Дебар, Струмица, Штип, Сарај, Илинден ќе работат според закон и систематизација. Нова систематизација сè уште не е предложена до Владата од МВР и Владата нема усвоено нова систматизација за работењето на МВР. Кога ќе биде изготвена нова систематизација од страна на службите во МВР, ќе биде предложена до Владата и кога таа ќе ја усвои, ќе продолжиме да ја имплементираме. Сè што сторивме изминатите 1,5-2 години зборуваат дека безбедноста на гараѓаните е далеку подобрена во споредба со претходно, особено ако се земат предвид бројките за вкупен кримианлитет. Бројките се најдобри во последните 20 години – истакна Тошковски.

Најнови вести од Македонија

To top