Македонија подгответе се за лажни наративи

Филипче на прес ќе се правда дека е невин со Заев за рекетот на Жан Митрев?

Во најава е лажен наратив на Венко Филипче дека следува политички реваншизам на власта и дека рекетот на Жан Митрев со Заев е измислен за да го затворат поради тоа што, не дека рекетирал, туку открил „невидени“ криминали на власта. Главниот проблем со наративот кој следи од СДС дека ова е политички прогон е во фактот што истрагата ја отвори Гаврил Бубевски, обвинителот од екс СЈО, кој на заминување од скопското јавно обвинителство им отвори истрага на Венко и Зоран. Упс, статива. Бадијала ќе кукаат дека ова е реваншизам, обвинителот е се само не и поврзан со актуелната власт.

Туку, ќе дојде ли Заев од Дубаи? Случајно ли е во земја која нема договор за екстрадиција со Македонија? Ќе има ли посебни мерки од ЈО и за имателот на златна виза, кој денеска ќе се правда дека ова е некаков „политички реваншизам“? Има ли Венко некаква информација од ЈО која ние не ја знаеме, па превенира наративи?

А, што правиме која новиот Републички јавен обвинител ќе ги извади оние десетици предмети кои Љупчо Коцевски ги криеше по фиоките?

Едно е сигурно, ќе „летаат пердуви“, на сите страни…

Филипче на прес ќе се правда дека е невин со Заев за рекетот на Жан Митрев?

Како што КУРИР денеска најави, Венко Филипче денеска во 13 часот ќе се правда дека е невин во случајот со рекет врз Жан Митрев, изведен заедно со Зоран Заев додека беа на врв на моќта како министер и премиер среед короната. Во најава е лажен наратив на  Филипче дека следува некаков си политички реваншизам на власта и дека рекетот на Жан Митрев со Заев е измислен за да го затворат поради тоа што, не дека рекетирал, туку открил „невидени“ криминали на власта.

Беше јасно, според утринскиот молк на СДС, дека се подготвува ваков атак со тези извадени од контекст преку кои Филипче ќе тврди дека е невин и ќе ја обвини власта за имагинарен политички реваншизам, „лидер“ во ролја на маченик кој заради тоа што демек открил некакви криминали на власта (од кои нема абер и сите се лажни вести и завршија со серија кривични за клевета до СДС), ќе ламентира за фингираниот „работнички“ протест и ќе кука дека сега ќе го затворат затоа што сакал да ја спаси Македонија?!

Главниот проблем со наративот кој следи од СДС дека ова е политички прогон е во фактот што истрагата ја отвори Гаврил Бубевски, обвинителот од екс СЈО, кој на заминување од скопското јавно обвинителство им отвори истрага на Венко и Зоран. Упс, статива. Бадијала ќе кукаат дека ова е реваншизам, обвинителот е се само не и поврзан со актуелната власт.

А, што правиме која новиот Републички јавен обвинител ќе ги извади оние десетици предмети кои Љупчо Коцевски ги криеше по фиоките?

Туку, ќе дојде ли Заев од Дубаи? Случајно ли е во земја која нема договор за екстрадиција со Македонија? Ќе има ли посебни мерки од ЈО и за имателот на златна виза, кој денеска ќе се правда дека ова е некаков „политички реваншизам“? Има ли Венко некаква информација од ЈО која ние не ја знаеме, па превенира наративи?

Најнови вести од Македонија

To top