Секое утро минатите денови СДС го стартуваше со ступиден текст „Каде е доктор Жан?“, алудирајќи дека нема ништо од истрага за рекетот кој Жан Митрев го обелодени во Тв Алфа, изнуда од позиција на власт која ја пректикувале Венко Филипче и Зоран Заев. Луцидниот текст требаше да инсинуира невиност на вистинскиот лидер Зоран и неговиот октроиран чувар на тронот Венко.
Не само тоа, фрчеа по 10-на уште поступидни прес-соопштенија на дузина измислени теми, пропратени со наративи преземени од евтини крими-стрипови, преполни со бизарни теории на заговор.
Арно ама, по синоќешната објава дека Јавното обвинителство отвори истрага по допрен глас за рекетот на Заев и Филипче, СДС ги снема од радарот.
Утрово пуштија само еден инфантилен текст за некој кој некогаш и некаде се сликал со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, а да ти бил наводно криминалец. не му пуштија ни име, ни презиме, саде иницијали, свесни дека истиот ќе ги тужи за клевета. Слично напретходните соопштенија кои беа преполни со прашалници, за да биде дека демек прашуваат, а не констатираат – во превод – за да не ги тужат споменатите. Евтина, мизерна финта на партијата на заминување/залез.
Сега, на Бихаќка завладеал траор, велат извори од седиштето на СДС, а Венко ен знаел каде му е главата.
Се подготвувале, заедно со Фрчко сениот и Шмрчко јуниор за прес-атак во кој ќе кукаат како наригачи, прес на кој бапчорски ќе соопштат дека власта прави политички прогон и реваншизам. Инаку, на ова сценарио се должеа и сите други индолентни пресови преполни со лажни вести, само за да ги има, да бидат на полтичката сцена, во јавност, да бидат ВИДЛИВИ. Да ги има, за да се сеќаваме на нив кога ЌЕ ГИ НЕМА, на слобода. На тоа се должи и фингираниот вчерашен „работнички“ протест на кој сите носеа капуљачи и маски,( сите 1.000 едсесовци), за да не ги препознаат.
Главниот проблем со наративот кој следи од СДС дека ова е политички прогон е во фактот што истрагата ја отвори Гаврил Бубевски, обвинителот од екс СЈО, кој на заминување од скопското јавно обвинителство им отвори истрага на Венко и Зоран. Упс, статива. Бадијала ќе кукаат дека ова е реваншизам, обвинителот е се само не и поврзан со актуелната власт.
А, што правиме која новиот Републички јавен обвинител ќе ги извади оние десетици предмети кои Љупчо Коцевски ги криеше по фиоките?
Ќе биде весело, купете многу пуканки, следува интересна трагикомедија во која главните ликови ќе бидат од врхушката на СДС.
Туку…
Каде се Заев и Филипче?
Само 10 минути по текстот на КУРИР објавен во 11.05, СДС во 11.15 пушти најава за прес-конференција на Венко Филипче на Бихаќка. Потврда на кажаното горе, дека се подготвуваат за нова инфантилна канонада за ПОЛИТИЧКИ РЕВАНШИЗАМ, ТА ДЕКА ОТКРИЛЕ МНОГУ КРИМИНАЛИ И ВЛАСТА ИМ СЕ ОДМАЗДУВА, ПА „РАБОТНИЧКИТЕ“ ПРАВА И „МЕГА“ ПРОТЕСТОТ СО ССМ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА СДС, СРПСКИ ВРСКИ, АЛТА, АЛФА, МЕДИУМИ, ЛИНЧ ВРЗ МАЛИОТ ДИКТАТОР ОД СДС, ЌЕ ЛЕЖИ НЕВИН, НЕМАЛО АБЕР ОД РЕКЕТ, СЕ БИЛО КОНСТРУКЦИЈА ИТН. Цело ова сценарио на СДС се подготвува со месеци, затоа беа толку агилни и агресивни минатите месеци(се арзработеа пустит мрзеливци), знаеа дека им гори под лидерските нозе и дека ќе морааат да го бранат Заев, Филипче башка.
П.С.
СДС, трепнете двапати ако сте киднапирани…