Спортскиот директор на шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид, Матеу Алемани, отпатува во Минхен на преговори со Баерн за трансфер на фудбалерот од средниот ред Леон Горецка, објавија денеска шпанските медиуми.
Атлетико има потреба од играч од средниот ред откако го продаде Конор Галагер на Тотенхем во јануари, а вниманието на мадридскиот клуб е насочено кон Горецка, чиј договор со Баерн истекува во јуни.
Медиумите објавија дека германскиот клуб бара 20 милиони евра обештетување за Горецка, што Атлетико го смета за превисока цена со оглед на тоа што неговиот договор истекува за пет месеци.
Горецка пристигна во Баерн во 2018 година од Шалке и одигра 292 натпревари за баварскиот клуб, додека во дресот на германската репрезентација има 67 настапи.