Љубов и Секс совет

4 причини зошто не можете да најдете партнер во 30-тите: Предизвикувачки е, но потврдува дека сте зрели и успешни

Пронаоѓањето партнер во 30-тите може да биде предизвик затоа што сте воспоставиле начин на живот, фокусирани сте на кариерата и затоа имате помал круг мажи кои ви се на располагање за врска.

4 причини зошто не можете да најдете партнер во 30-тите: Предизвикувачки е, но потврдува дека сте зрели и успешни

Пронаоѓањето партнер во 30-тите може да биде предизвик затоа што сте воспоставиле начин на живот, фокусирани сте на кариерата и затоа имате помал круг мажи кои ви се на располагање за врска.

Оваа фаза неретко вклучува преиспитување на приоритетите и барање подлабока конекција и чувство дека сте спиритуално поврзани со некоја личност, што ја прави потрагата по компатибилен партнер уште покомплексна од порано.

Кога ќе наполните 30 години и ќе сфатите дека стареете, потрагата по љубов може да изгледа многу исцрпувачка. Сите полови ќе имаат слични чувства на таа тема.

Исто така, се појавуваат и разни мисли од оние како е сега доцна да стапите во брак и основате семејство, помислувате дека ќе завршите сами или можеби никогаш нема да најдете некој кој е подготвен да ве прифати онакви какви што сте. Тоа е нешто што ќе ве загрижи и е погубно за вашето здравје и среќа. Таа желба за среќа која се чини дека ја имаат сите останати, прави да се чувствувате резигнирано. Може да биде малку непријатно да се биде во таа положба, но запомнете, во ред е да се чувствувате вака.

Доколку сте некој кому му е потребна мала поддршка околу овие работи, еве некои од главните препреки на кои луѓето често наидуваат кога бараат љубов во повозрасните години.

1. Веќе сте доживеале одредени ситуации

Доколку имате 30 години, голема е веројатноста дека сте биле во неколку врски. Поради вашите минати искуства, разбирливо е дека нема да сакате да ги повторувате грешките, да бидете во исто негативно опкружување или да паднете во истите шаблони на однесување. Но, треба да знаете дека освен тоа што е добро да бидете внимателни, не сите кои ќе ги сретнете се исти.

Обидете се да останете со отворен ум и не ги осудувајте луѓето веднаш.

2. Знаете што сакате

Би било малку чудно доколку немате поим во каква врска би сакале да бидете по 30. година. Доколку ви е јасно што сакате во еден однос и со каква личност сакате да бидете, тоа е огромен плус. Сепак, исто така е добро да бидете флексибилни во вашите очекувања. На пример, можеби ќе ви треба некој кој има стабилна работа, но не треба да го елиминирате оној кој паузира од работа и размислува по кој кариерен пат треба да тргне. Или, можеби сте вегетаријанец, но не мора да одбивате некој што јаде месо. Не мешате ја желбата со недостаток на флексибилност или авантуризам.

3. Вашата рутина е приоритет

Кога ќе наполните триесет години, ќе имате бројни рутини до кои се придржувате без приговор. Иако можеби не го признавате тоа, повеќе би сакале вашиот партнер да се вклопи во таа рутина, отколку да ја промените поради него. Тоа ќе ви остави две опции – или пронајдете партнер кој е подготвен да се приспособи на вашата рутина и ќе разбере дека постојат работи што навистина нема да сакате да ги пропуштите, или изберете да бидете сами. Вашите рутини, дури и без да сте свесни за тоа, можат да станат непробојни тврдини кои можат да ве спречат да излегувате со некого.

4. Огромна количина на одговорност

Како што стареете, вашите обврски исто така може експоненцијално да се размножуваат. Од грижата за родителите и кредитите, до деловните и пријателските обврски, сигурно имате исполнет и благо хаотичен живот.

Во таква ситуација, запознавањето ќе го сфатите како случајна работа што ви дава мала или никаква награда. Во оваа ситуација, ќе сакате да ги постигнете целите и да бидете задоволни со себе, среќни и исполнети, но нема да бидете доволно трпеливи како би го поминале процесот. Наместо да гледате на тоа на овој начин, дајте му нова перспектива на состанувањето – замислете го како време за чисто уживање, нешто што не е обврзано со никакви правила или очекувања. Треба само да се појавите и да бидете свои.

Запознавањето во триесеттите е сосема поинаква игра во споредба со состанувањето во дваесеттите. Тие ќе дојдат со комплетен сет на искуства и треба да научите да ги прифаќате. Иако не треба да се задоволувате со ништо помалку од она што го заслужувате, исто така не треба да чекате за совршенство.

Бидете флексибилни со вашите очекувања и обидете се да уживате во искуството.

Најнови вести од Љубов и Секс

To top