Нова вест од рубриката ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ. При здрав ум и со „сите овци на број“, опозицискиот лидер Филипче демонстрираше фуриозен оптимизам дека неговата партија можела да се врати на власт до крајот на оваа или на почетокот на наредната година?! Дали ќе имало предвремени избори на крај на 2026-та или почеток на 2027-ма, тие ќе ти биле спремни за победа?! Познавачите велат дека Јон е во позиција на низок старт за смена на Венко, која е неминовна по „победата“ на следните избори, кога и да бидат. Други велат дека изјавата е нус-ефект токму на супстанците на Шмрчко, кои го контаминирале воздухот на Бихаќка, па сега се’ им е рамно, возможно и достижно на сите од врхушката на партијата. Само небото им било граница, велат на шега упатените.
„Јас сум прилично сигурен дека предвремени избори ќе има. Дали ќе бидат на крај на оваа година, дали ќе бидат на почеток на следната година, и тоа од неколку фактори. Прво, оваа влада е тесно поврзана и тоа ние секојдневно го објавуваме и го аргументираме со авторитарните режими во регионот на Орбан и на Вучиќ.
Избори ќе има во двете земји. Многу работи ќе зависат од исходот на тие избори, понатаму од тешката економска состојба во која што се наоѓа државата. Оваа влада ја носи државата во амбис. А во однос на нашата подготвеност апсолутно во било кое време сме спремни да настапиме на избори, при тоа мислам дека конечно Граѓаните им е јасно за каква влада станува збор и дека повеќе нема да може да помине лажната пропаганда со која што тие дојдоа на власт во 2024 година.“ – рече урнебесниот Филипче во изјава за новинарите.
Притоа, на „храбриот“ Филипче воопшто не му пречи што раазликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е неверојатни и историски 5:1, факт кој го докажаа повеќе анкети во низа, процент кој многу добро го знае и самиот „лидер“, кој сега шири лажен оптимизам меѓу разочараното членство кое е свесно дека четири пати во низа губат „како Грчка“ на времето.
Според фацијалната експресија во текот на изјавата, повеќе од јасно е дека Венко иако се „јача“ и чалами дека ќе победел, длабоко во себе се моли да нема предвремени избори, чин кој ќе го принуди Заев за нова смена на кормилото на СДС. По Таче, Венко, по него Јон ли ќе биде нов лидер на партијата во распад? Посоодветно, здравје, лик кој треба да им го „обели образот“, а поверојатно ќе им го обели само носот. Сосема логичен чин.
Мислевте дека полошо од Црпко нема, дојде Таче, видовте дека можело. Убедени дека тој е крај на прикаската, нема полошо, ете го агресивниот и арогантен лузер Венко. A Јон Шмрчко би бил супер за крај на агонијата на СДС, фатален чин по кој Чом, слободно и без грижа на совест, ќе може да го изгаси светлото на Бихаќка.
