Кошаркарите на Париз испратија силна порака по тешкиот пораз од Дубаи откако на домашен терен приредија големо изненадување и го совладаа Реал Мадрид со 98-92 во рамките на 25. коло од Евролигата.
Во исклучително динамичен и атрактивен натпревар, францускиот тим покажа карактер, енергија и тактичка зрелост за да го урне европскиот гигант.
Хифи со 21 поен беше најдобар кај Париз, додека кај Реал Мадрид се истакна Лајлс исто така со 21 постигнат поен.
По 25 кола во Евролигата, Реал Мадрид има скор 16-9 и се наоѓа на петтото место, додека Париз е шеснаесетти со скор 8-16.