Свет затрупани беа 47 луѓе

Спасувачите извлекле девет тела по лизгање на земјиште во југозападна Кина

Јунан е планинска провинција во која живеат бројни етнички групи и е меѓу најсиромашните во Кина.

Спасувачите извлекле девет тела по лизгање на земјиште во југозападна Кина

Спасувачите извлекле девет тела по лизгање на земјиште кое затрупа 47 лица во оддалечена област на југозападната кинеска провинција Јунан, додека две лица се спасени, објавија денеска државните медиуми.

Несреќата се случила утрово околу 6 часот по локално време во селото Лиангшуи во кантонот Женгсионг, јави кинеската новинска агенција Ксинхуа, додавајќи дека се затрупани 18 куќи.

„Повеќе од 500 жители итно се евакуирани, 10 багери, 33 противпожарни возила и повеќе од 200 луѓе учествуваа во спасувачката операција“, јави јавната телевизија ЦЦТВ.

Државните медиуми објавија дека осумте тела се од групата која првично била затрупана од лизгање на земјиштето, но не кажаа каде е пронајдено деветтото тело.

Причината за одронот не е позната бидејќи преживеаните и спасувачите се бореле со снегот, замрзнатите патишта и ниските температури кои се очекува да траат најмалку во следните три дена.

Снимките на кинеската социјална мрежа Дујин покажуваат планинско село покриено со снег и куќи делумно затрупани од лизгање на земјиштето.

Кинескиот претседател Си Џинпинг им наредил на спасувачите да направат се што е можно, пренесува ЦЦТВ.

Јунан е планинска провинција во која живеат бројни етнички групи и е меѓу најсиромашните во Кина.

Свлечиштето се наоѓа на околу 1.600 километри југозападно од Шангај и на околу 350 километри североисточно од главниот град на провинцијата Кунбинг.

Според кинеската метеоролошка служба, температурите во кантонот Женсионг се движат околу нула степени во текот на денот, а ноќе се спуштаат до минус четири.

Лизгањето на земјиштето е вообичаено во планинските југозападни делови на Кина, особено по врнежи.

Најнови вести од Свет

To top