Изграден е нов потпорен ѕид на улица 50 во населеното место Радишани, објави градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски.
Поради одрони и пропаѓање на улицата, неопходно беше да се изврши санација на оштетениот дел од улицата. Изградбата на потпорниот ѕид обезбеди дополнителна сигурност на објектите на граѓаните и заштита од можно лизгање на земјиштето.
Потпорниот ѕид е најголемо барање на граѓаните од ова населено место. Наскоро, локалната самоуправа ќе преземе активности за реконструкција на улицата, која е оштетена поради лизгањето на земјиштето.
😊 РЕАЛИЗИРАНО УШТЕ ЕДНО ВЕТУВАЊАТА КОН ГРАЃАНИТЕ❗️
🚧 Изграден е целосно нов потпорениот ѕид на улица 50.
❗️ Поради…
Posted by Дарко Костовски on Вторник, 27 јануари 2026