Индија се бори со епидемија на вирусот Нипа во нејзината источна држава Западен Бенгал, каде што пет лица се потврдени како заразени, а речиси 100 луѓе се ставени во карантин.
Се наведува дека епидемијата започнала во приватна болница во градот Барасат, а тројцата пациенти се медицински лица кои лекуваат пациенти во таа установа.
Пациентите биле префрлени во Инфективната болница на исток од главниот град на државата, Калкута.
Нипа (Henipavirus nipahense) – првпат регистриран во 1998 година – е сериозен и често фатален зоонозен вирус што го пренесуваат овошни лилјаци и кој може да зарази животни (често свињи) и луѓе, според „MiamiHerald“.