Во текот на вчерашниот ден, Комисијата за одбрана и безбедност одржа значајна работна средба со амбасадорка на Израел во Република Македонија, Н.Е. Вивиан Аисен, и со Ејал Калиф, шеф на Секторот за стратешко планирање во Министерството за одбрана на Израел, објави на социјалната мрежа на Фејсбук пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Пренџов.
– Фокусот на разговорите беше ставен на продлабочување на билатералната соработка во областа на одбраната и безбедноста, како и на усогласување на идните активности со современите безбедносни предизвици.
– Потврдена беше заедничката подготвеност за интензивирање на институционалната соработка и размена на експертиза.
🇲🇰🇮🇱 Јакнењето на партнерството со Израел претставува важен сегмент од нашите стратешки определби за стабилност, безбедност и меѓународна соработка, пишува .