Свет

Трамп: Иран е заинтересиран за дипломатско решение

Претседателот на САД, Доналд Трамп во интервју за порталот Аксиос (Axios) изјави дека Иран е заинтересиран за дипломатско решение на тензиите откако носачот на авиони „УСС Абрахам Линколн“ пристигна на Блиски Исток.

– Ситуацијата со Иран е променлива, бидејќи САД испратија голема флота во регионот. Имаме голема армада покрај Иран. Поголема од Венецуела. Тие сакаат да постигнат договор. Знам дека е така. Тие се јавија повеќе пати. Тие сакаат да разговараат, наведе Трамп.

Централната команда на американската војска (CENTCOM) вчера соопшти дека флота воени бродови, вклучувајќи го и „УСС Абрахам Линколн“, пристигнала во нејзината зона на одговорност, која го опфаќа Блиски Исток и го вклучува Иран. Носачот на авиони е во Индиски Океан.

Борбената група на носачи на авиони моментално е распоредена на Блиски Исток за да се промовира регионалната безбедност и стабилност, се наведува во соопштението на ЦЕНТКОМ.

Аксиос повикувајќи се на неименувани извори наведе дека Трамп не донел конечна одлука за потенцијална воена ескалација во регионот.

За време на протестите во Иран, Трамп ги поддржа демонстрантите и им се закани на властите дека ако продолжат со репресијата САД воено ќе интервенираат.

Најнови вести од Свет

To top