Хроника го признале делото

Малолетници запалиле автобус паркиран во двор на основно училиште

Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Малолетници запалиле автобус паркиран во двор на основно училиште

На 25.01.2026 во 20:30 часот во Полициската станица Радовиш е пријавено дека настанал пожар на автобус паркиран во дворно место на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш.

-Од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. По преземени мерки, полициските службеници утврдиле дека пожарот бил предизвикан од двајца малолетници од Радовиш. Со нив се извршени службени разговори во присуство на родители, при што го признале делото, а воедно е одземена и запалката со која е предизвикан пожарот, информира МВР.

Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Најнови вести од Хроника

To top