Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Филипче е должен на граѓаните да им одговори дали имал за цел со преземање на болницата Жан Митрев да си приватизира за лична корист пари од народот

Петрушевски: Филипче е должен на граѓаните да им одговори дали имал за цел со преземање на болницата Жан Митрев да си приватизира за лична корист пари од народот

Венко Филипче за седум години власт на СДС очигледно во фокусот му биле само работи од негов личен интерес и интерес на неколумина негови другари, а главните зделки ги планирал со менторот Заев, кажа Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција што ви ја пренесува интегрално.

„Една од нив е и идејата, поточно планот да ја преземат Клиничката болница Жан Митрев. Случај кој се актуелизираше по неодамнешната изјава и потврда за ова од доктор Жан Митрев.

Шемата како во сите случаи, така и во овој се користење на исти нивни техники, изнуда, притисоци, влијание во судски постапки како што и му нуделе на Митрев.

Очигледно планот за преземање на приватна болница не им поминал, што е добро затоа што практично тоа ќе значело да си ги приватизираат парите на граѓаните за нивни цели.

Филипче дека имал добро подготвен план говори еден клучен факт, а тоа е зголемувањето на сумата од ФЗО која се префрла на Болницата. Сумата во 2020 година достигнала околу 11 милиони евра, што е скоро дупла за разлика од сумата одвоена за болницата во 2015 година.

Тоа е класичен план за присвојување на пари на граѓаните за лична корист или приватизирање на народни пари.

Филипче е должен на граѓаните да им одговори дали навистина имал за цел со преземање на Клиничката болница Жан Митрев да си приватизира за лична корист, пари од народот.

Исто така, јавното обвинителство несомнено да го истражи случајот со Клиничката болница Жан Митрев.

Граѓаните заслужуваат одговори, а ВМРО-ДПМНЕ продолжува посветено да работи за интересите на народот“.

Најнови вести од Македонија

To top