Германскиот министер за одбрана Борис Писториус го повика американскиот претседател Доналд Трамп да се извини поради изјавата во која сугерира дека сојузниците во НАТО ја избегнувале службата на прва линија на фронтот во Авганистан.
Трамп минатата недела изјави дека на САД „никогаш не и била потребна Северноатланската алијанса и ги обвини сојузниците дека останале „малку зад првата линија на фронтот“ во Авганистан.
-Едноставно не е исправно и непочитување е да се зборува за мртвите ваши сојузници на тој начин. Сите бевме таму, покрај САД. Денеска да се тврди нешто друго едноставно не е вистина, изјави Писториус за германската јавна телевизија АРД.
Тој додаде дека за тоа ќе разговара со американскиот колега Пит Хегсет и го повика Трамп да се извини.
-Тоа би бил знак на пристојност, почитување, а исто така и увид, наведе Писториус.
Неговите коментари уследија откако реагира и други европски политичари, меѓу кои и британскиот премиер Кир Стармер, кој коментарите на Трамп ги оцени како „ужасни“.
Илјадници германски војници учествуваа во мисиите на НАТО во Авганистан, а 59 беа убиени во операциите започнати по нападите на Ал Каеда врз САД на 11 септември 2001 година. (МИА)