Скопје Општина Кисела вода

Приемен ден со жителите на Кисела Вода: директна комуникација и конкретни решенија

Денес во Општина Кисела Вода се одржа нов приемен ден со граѓаните, при што градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска оствари директни средби со околу 50 жители на општината. Во рамки на разговорите беа разгледани актуелни прашања, проблеми и предизвици со кои се соочуваат граѓаните, како и нивни предлози и иницијативи за унапредување на квалитетот на живот во општината.

-И оваа сабота ја посветив на граѓаните. Уште од рано утро остварив средби со околу 50 наши сограѓани, при што разговаравме за нивните проблеми, предизвици и идеи, со цел полесно и поефикасно да ги подобриме условите во нашата општина.

Покрај личните средби, остварив и повеќе од 20 телефонски разговори, со што овозможивме да ги слушнеме прашањата и потребите на сите граѓани, без разлика дали можат да присуствуваат лично. Со секој поединечно разговаравме за можните решенија, конкретните чекори што можат да се преземат, како и за проектите кои се планирани и имаат значајна улога во подобрување на секојдневието на жителите. Овој директен контакт со граѓаните е од особено значење, ни овозможува брзо да ги препознаеме проблемите и уште побрзо да реагираме со конкретни мерки-изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

Приемните денови ќе продолжат да се одржуваат. За закажување средба, граѓаните можат да се јават на телефонскиот број 02/2785-401, каде ќе ги добијат сите потребни информации за датумот и времето на приемот

To top