Ракомет

Шведска подобра од Словенија

Шведска подобра од Словенија

Ракометната селекција на Шведска со победа ја започна втората фаза од Европското првенство, откако во драматичен натпревар и пресврт успеа да слави над Словенија со 31-35 (15-13).

Најпрецизен кај Шведска беше Сандел со седум гола, а два помалку имаа Јохансон и Ване.

Голманот Паличка собра седум интервенции. За Словенија осум погодоци имаше Домен Макуц.

To top