Унгарската машка ватерполо репрезентација се пласираше во финалето на ЕП во Белград, откако вечерва во првото полуфинале извојува победа над Грција со 15-12 (3-4, 5-4, 4-2, 3-2).
Кристијан Манхерц ја предводеше Унгарија до победата со четири голови, Вендел Вигвари постигна три, а Адам Наѓ и Акош Наѓ постигнаа по два.
На крајот од натпреварот, грчкиот селектор Теодорос Влахос беше исклучен поради навреда на судиите.
Противник на Унгарија во финалето в недела ќе биде победникот од второто полуфинале во кое вечерва ќе играат домаќинот Србија и Италија.