Регион Албанија

Бериша пред утрешниот масовен протест: Му велам на Рама, ако си маж, остани во канцеларија

-Престанавме да соработуваме со нарко-мнозинството, ние опозициските сили ќе формираме комисии за територијална  и изборна реформа. Ќе ја спроведеме вистинската реформа, нагласи Бериша.

Бериша пред утрешниот масовен протест: Му велам на Рама, ако си маж, остани во канцеларија

Лидерот на Демократската партија, Сали Бериша на денешната редовна неделна прес-конференција со медиумите, изјави дека албанскиот премиер Еди Рама, ќе добие „лекција од граѓаните за време на масовниот протест што опозицијата ќе го одржи утревечер пред Владата”.

-Ќе и одржиме лекцијата на Владата каква што заслужува, така ќе го опишам протестот. Граѓаните ќе ѝ одржат силна лекција на владата. Нека остане во канцеларија. Тоа е она што го велам, остани таму. Ѕидовите ги блиндиравте,  ги запечативте вратите, влези и остани внатре, ако сте маж,  рече Бериша.

Додаде дека „Рама е во црвен круг” и оти опозицијата и граѓаните ќе го соборат.

-Престанавме да соработуваме со нарко-мнозинството, ние опозициските сили ќе формираме комисии за територијална  и изборна реформа. Ќе ја спроведеме вистинската реформа, нагласи Бериша.

Неговата партија во парламентот има 50 од 140 пратенички места.

Протестот е поддржан и од Партијата на слободата на Илир Мета, кој е во затворски притвор, се одржува под мотото  “Национален протест – Долу”, почнува во 17 часот пред владата во Тирана. (МИА)

To top