Регион Првата жена претседател

Илијана Јотова ја презеде претседателската функција во Бугарија

„Благодарам што девет години бевме заедно и го одржавме нашиот најважен завет – да работиме единствено за интересите на бугарските граѓани со одговорност кон бугарскиот Устав“, изјави Јотова, пренесува БТА.

Илијана Јотова ја презеде претседателската функција во Бугарија

Илијана Јотова денеска стана првата жена претседател на Бугарија, откако Уставниот суд и официјално ги запре овластувањата на Румен Радев поради неговата поднесена оставка.

Јотова му се заблагодари на Радев (шеф на државата во периодот 2017-2026 г.) за деветгодишната заедничка работа, нагласувајќи дека останале доследни на заложбата за работа во интерес на граѓаните и Уставот.

„Благодарам што девет години бевме заедно и го одржавме нашиот најважен завет – да работиме единствено за интересите на бугарските граѓани со одговорност кон бугарскиот Устав“, изјави Јотова, пренесува БТА.

Таа најави дека и во иднина ќе продолжи да работи со истата сила, храброст и разум за доброто на Бугарија.

Од своја страна, Радев ѝ се заблагодари за професионалноста и посветеноста во текот на неговиот мандат.

Радев беше испратен преку свечениот влез на претседателството од страна на Јотова, која веднаш ги презеде државничките обврски. (МИА)

To top