Ќе ви треба:
150 г шеќер
100 мл вода
200 г млеко во прав
100 г маргарин
300 г мелени бисквити
Подготовка:
Варијте го шеќерот и водата две минути на тивок оган. Потоа додадете го маргаринот, тргнете го од оган и мешајте додека не се растопи.
Додадете го млекото во прав и добро матете со миксер за да нема грутки. Потоа додадете ги мелените бисквити.
Потоа повторно матете ја смесата. Распоредете ја смесата на мал плех обложен со хартија за печење.
Потоа оставете го колачот да се олади, а потоа исечете го на коцки.