Македонија „о неписменех“ на бихаќка: 9 утки во еден текст?!

„Кучињата лаат – ранаванот си врви“: СДС и Богданка во паника се „утепаа“ од правописни грешки

„О писменех“ е трактат на Црноризец Храбар од 9-от век. Славистите претпоставуваат дека зад Црноризец Храбар се крие Наум Охридски.

„О неписменех“ е прес-конференција на СДС од 21-от век… Македонистите претпоставуваат дека зад овој неписмен акт се крие српската ПР агенција „Прагма“.

Не е на одмет, дотичните СДС „преведувачи“ на оригинално сроченото на српски да се вратат во второ одделение и да научат да пишуваат.

Во прво, би било уште подобро.

„Кучињата лаат – ранаванот си врви“: СДС и Богданка во паника се „утепаа“ од правописни грешки

Неписменост или лош „гугл-транслејт“ на набрзинка склепаното од српската пи-ар агенција „Прагма“, која во Белград како на некаква хејтерска брза лента ги „штанца“ мизантропските и патетични соопштенија на СДС?

Оваа дилема неминовно се наметнува по денешното лиферување на ултра-бајатите наративи на прес-конференцијата на портпаролката Богданка, која деновиве прозвана дека цела недела го остава Филипче сам да вергла по прес-конференции, собра сили и конечно се појави за да прочита едно мизерно писание, преполно со граматички грешки и вчерашни и завчерашни инфантилни тези, безидејни глупоштии со кои СДС Заевистичка постојано го контаминира македонското општество и етер.

Прво, започнаа со грешка во самиот наслов кој беше: „Дефокус, линк и црна кампања, хронологија на политиката на ВМРО“, за да за две минути се корегираат и преиначат во „Дефокус, линч и црна кампања, хронологија на политиката на ВМРО“. Арно ама, цели ДЕВЕТ урнебесни правописни грешки останаа и во втората верзија. Тоа не е битно, битно е да се спаси бестрашниот лидер, да ги има во етерот, макар и со дежа ви, макар биле досадни и неинвентивни, макар му газеле по нерви на македонскиот народ…

Се’ и се’ за одбрана на безгрешниот им лидер Филипче, кој нема абер со рекетот во „Жан Митрев“, има златна виза затоа што е најубав, немал за дар џипиште од 130.000 евра, нема ни хациенда на Нерези, ниту стан во Дубаи, не е поврзан со криминалот во Модуларниот пекол во Тетово, ниту со бонбона-бизнисот со корона-вакцините, уште помалку со облакодерите на Заев во Дубаи, најмалку со фирмата на Вице во Ќустендил која м’кнеше прескап јаглен од Грција, а можеби саде малку, трошка со зимувањето во Сент Мориц во исто време додека Македонија (според нивниот исказ) тонеше и гореше од „лошата“ и пропагандистичка ВМРО.

Денеска, СДС неписмена се надмина себеси, а грешките го обликуваа сублимираниот „прес“ во форма на швајцарско сирење. Ете им и прилика и добра шанса, после српските „врски“, да си измислат и швајцарски конекции.

Уживајте во шарадата и пародијата на некогаш, „државотворната“, а денеска НЕПИСМЕНАТА партија од Бихаќка:

 

Седејдневно,

коалиијата ВМРО-ЗНАМ,

– фирма со двајца врабоени,

-евра преку Пошта за фрима блиска до ЗНАМ,

-Во тој период стиигна,

-поради корупцски скандал со ИПАРД 3,

-проневера на еврпски пари,

-Сент Мориц, Венеција, што ли не змислија,

-Кучињата лаат – ранаванот си врви,

 

Со оваа народна мисла завршуваат ненародните СДС и Богданка.

За нивна жал, „Кучињата“ и натаму ќе лаат, а „РАНАВАНОТ“ на СДС и натаму ќе ВРВИ, во рикверц…

 

П.С.

„О писменех“ (За буквите) е трактат на Црноризец Храбар од 9-от век. Славистите претпоставуваат дека зад Црноризец Храбар се крие Наум Охридски.

„О неписменех“ (За северџаните) е прес-конференција на СДС од 21-от век. Македонистите претпоставуваат дека зад овој неписмен акт се крие српската ПР Агенција „Прагма“.

Не е на одмет, дотичните СДС „преведувачи“ на оригинално сроченото на српски да се вратат во второ одделение и да научат да пишуваат.

Во прво, би било уште подобро.

Најнови вести од Македонија

To top