Фудбал

Тежок удар за Барселона,се повреди Педри

Тежок удар за Барселона,се повреди Педри

Нов проблем за лидерот во шпанското првенство Барселона и за нивниот тренер Ханси Флик откако од клубот соопштија дека поради повреда Педри нема да настапува еден месец.

Играчот ја повреди десната тетива на дуелот одигран во Лигата на шампионите против Славија Прага што Барселона го доби со 4:2.

Педри играта поради повредата ја напушти во 61.минута.

Тој сезонава одигра 25 натпревари во сите натпревари и има постигнато два гола. Барселона во недела од шпанската лига е домаќин на Овиедо, а во среда ќе играат во Лигата на шампионите против Копенхаген исто така на домашен терен.

Теми на денот

To top