На 21.01.2026 во 14:35 часот на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода С.Ќ.(34) од Косово затоа што при извршена гранична контрола е констатирано дека евидира во оперативна евиденција со мерка „апси“ по барање на Интерпол.
Тој е предаден на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка за понатамошна постапка.