Денес остварив средба со Амбасадорот на Кралството Шпанија, Рафаел Соријано Ортиз, напиша на Фејсбук министерот за одбрана, Владо Мисајловски.
Разговаравме за унапредување на билатералната соработка во одбраната и можностите за заеднички обуки и активности. Разменивме мислења за идни иницијативи и активности кои би ја зајакнале соработката помеѓу нашите министерства, при што ја нагласив важноста на понатамошно продлабочување на соработката и зајакнување на партнерството во одбранбените области. Македонија останува сигурен партнер во НАТО и активен поддржувач на стабилноста во регионот, истакна Мисајловски.