Познати Kраток и јасен одговор

Се огласи Душко Тошиќ откако Карлеуша го пријави во полиција

Во контекст на семејните проблеми, Карлеуша постојано истакнуваше дека не е во добри односи со Тошиќ по разводот и дека нема комуникација меѓу нив, иако, како што рече, нивните ќерки имаат нормален однос со нивниот татко.

Се огласи Душко Тошиќ откако Карлеуша го пријави во полиција

Јелена Карлеуша моментално е во Дубаи, од каде што контактирала со српската полиција за да го пријави својот поранешен сопруг Душко Тошиќ. Таа изјавила дека Душко ги сменил бравите на вратите од станот без нејзино знаење и без согласност, поради што побарала итна интервенција од надлежните органи.

ПИНК.РС го контактираше Душко Тошиќ. Поранешниот фудбалер бил краток и јасен, без да сака да навлегува во детали или дополнително да коментира за ситуацијата.

-Не знам што ме прашувате? Јас сум во мојот стан, рече Тошиќ, по што престана да одговара на повици и пораки.

Во контекст на семејните проблеми, Карлеуша постојано истакнуваше дека не е во добри односи со Тошиќ по разводот и дека нема комуникација меѓу нив, иако, како што рече, нивните ќерки имаат нормален однос со нивниот татко.

Пејачката ги истакна и тврдењата дека нејзиниот поранешен сопруг не плаќа алиментација за нивните ќерки Атина и Ника Тошиќ, но дека верува дека државата ќе го регулира сето тоа.

To top