Македонија Новиот член треба да го замени досегашниот член Селим Адеми

Собранието ќе објави нов оглас за член на Судскиот совет, претходниот оглас повлечен

Аљбан Кадриу, полициски инспектор од Тетово, кој беше предложен од „Вреди“ за член на Судскиот совет на 11 декември, помина на Комисијата за избори и именувања, но поради донесувањето на новиот закон за Судскиот совет, се одложи неговоиот избор на пленарна седница. 

Собранието ќе објави нов оглас за член на Судскиот совет, претходниот оглас повлечен

Собранието ќе објави нов оглас за член на Судскиот совет, а претходниот оглас се повлекува, информира претседателот на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, Ѓорѓија Сајкоски. Новиот член треба да го замени досегашниот член Селим Адеми.

– Сакам да ја информирам Комисијата дека добив писмено известување од страна на претседателот на Собранието, со кое се укажува дека во согласност со Законот за Судскиот совет на Република Македонија, ќе се објави нов оглас за избор на член на Судскиот совет на Република Македонија. Предлогот што беше на Комисијата се повлекува и ќе оди со нов оглас, нагласи Сајкоски.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на 15 јануари нагласи дека треба да се повтори огласот за избор на нов член на Судскиот совет предложен од Собранието бидејќи, како што посочи, има нов Закон за Судскиот совет.

– Ќе треба да ги прашате претседателот и членовите на Комисијата за прашањата на изборите и именувањата. Најверојатно се на мислење да се повтори огласот затоа што веќе имаме нов закон и ќе треба сите членови да се изберат по новиот закон. Но, тоа мора да го донесат како одлука претседателот и членовите на Комисијата за изборите и именувањата. Сепак, работа е на Комисијата за изборите и именувањата. Кај нив треба да се обратите. Но, како битен момент за кој сме разговарале е токму моментот што имаме нов Закон за Судскиот совет и тој веќе ги менува правилата на игра – рече тогаш Гаши.

Аљбан Кадриу, полициски инспектор од Тетово, кој беше предложен од „Вреди“ за член на Судскиот совет на 11 декември, помина на Комисијата за избори и именувања, но поради донесувањето на новиот закон за Судскиот совет, се одложи неговоиот избор на пленарна седница.

Најнови вести од Македонија

To top