Македонија Град Скопје

Град Скопје продолжува со зајакнување на меѓународните партнерства насочени кон одржлив развој и долгорочна трансформацијa

Потпишувањето на Меморандумот претставува важен момент во продлабочувањето на партнерските односи и ја потврдува заедничката заложба за унапредување на локалните политики, јакнење на институционалните капацитети и имплементација на современи и одржливи решенија во интерес на граѓаните.

Град Скопје продолжува со зајакнување на меѓународните партнерства насочени кон одржлив развој и долгорочна трансформацијa

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска оствари значаен чекор напред во насока на долгорочниот и одржлив развој на главниот град, со официјалното потпишување на Меморандум за соработка со Постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Армен Григоријан.

Потпишувањето на Меморандумот претставува важен момент во продлабочувањето на партнерските односи и ја потврдува заедничката заложба за унапредување на локалните политики, јакнење на институционалните капацитети и имплементација на современи и одржливи решенија во интерес на граѓаните.

Во прилог објавата на социјални мрежи од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски:

„Уште еден значаен чекор напред за иднината на Скопје

Денес, заедно со Постојаниот претставник на УНДП Армен Григоријан, официјално потпишавме Меморандум за соработка, со кој поставуваме јасна рамка за зајакната, стратешка и долгорочна соработка во области од клучно значење за развојот на Скопје.

Ова потпишување претставува важен момент во продлабочувањето на нашето партнерство со една од најрелевантните меѓународни организации во областа на одржливиот развој.
Градот Скопје високо ја цени долгогодишната поддршка од УНДП и нивната континуирана посветеност на унапредување на локалните политики и јакнење на институционалните капацитети.

Со овој Меморандум, воспоставивме основа за соработка во стратешки области, меѓу кои подобрување на системите за даноци на имот и комунални такси, унапредување на урбанистичкото планирање и заштитата на животната средина, забрзување на дигиталната трансформација, поттикнување на локалниот економски развој, како и подготовка на квалитетни проекти за европски и меѓународни фондови.

Посебно ја истакнувам важноста на поддршката за реализацијата на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, кој го гледаме како вистинска можност за долгорочна трансформација на градот и негово посилно и подостоинствено позиционирање на европската културна мапа.
Ова партнерство е уште една потврда дека Скопје чекори сигурно кон одржлив, модерен и европски град“.

♥️ Уште еден значаен чекор напред за иднината на Скопје

🫡 Денес, заедно со Постојаниот претставник на УНДП Армен…

Posted by Орце Ѓорѓиевски – Orce Gjorgjievski on Среда, 21 јануари 2026

Најнови вести од Македонија

To top