Скопје

Кисела Вода: Мобилизирани се сите служби, се справуваме со снежните наноси

Кисела Вода: Мобилизирани се сите служби, се справуваме со снежните наноси

По снежните врнежи кои го зафатија цело Скопје, Општина Кисела Вода од раните утрински часови спроведува интензивни активности за чистење и одржување на патната инфраструктура со цел обезбедување безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Општина Кисела Вода

Активиран е Кризниот штаб на Општина Кисела Вода, кој е во постојана комуникација со сите надлежни служби и ја координира работата на терен, овозможувајќи ефикасно справување со зимските услови.

Општина Кисела Вода

-Со целосно ангажирана и расположлива механизација, камиони и екипи, континуирано се работи на расчистување на снегот и посипување сол на критичните точки каде што е евидентирана појава на мраз. Во моментов, активностите се одвиваат во населбите Припор, Пинтија и Драчево, како и пред градинките, училиштата и автобуските постојки. Ангажирани се сите сезонски работници, а екипите се постојано присутни на терен за навремено да одговорат на сите пријави и состојби кои би можеле да го отежнат сообраќајот и секојдневното функционирање. Општина Кисела Вода апелира до граѓаните за зголемена внимателност при движењето и почитување на сообраќајните правила, додека општинските служби продолжуваат со активностите сè до целосна стабилизација на состојбата, велат од Општината.

Општина Кисела Вода

За пријавување на проблеми поврзани со снег, замрзнати улици или отежнат пристап, граѓаните можат да се обратат на следните телефонски броеви:

Димитар – +389 72 443 500

Дарко – +389 78 383 746

Општина Кисела Вода
To top